
Најтрофејниот македонски клуб Вардар се соочува со нова драма, иако успеа да обезбеди пласман во елитата по триумфот во бараж натпреварот против Скопје. Настапот во Првата лига бара и да се исполнат одредени административни, технички и финансиски услови за да добие лиценца за настап.
Претставникот на „Комитите“, Милорад Миленковски, информира дека Слободан Крстевски, сопственикот на ФК Вардар, до петок мора да поднесе Завршна сметка и Ревизорски извештај до Фудбалската федерација на Македонија како би се добило лиценца за настап во Првата лига.
„Наместо убави моменти, кои според секоја логика требаше да ги доживуваме, а ФК Вардар, нашата љубов, да ги живее, започнува црно сценарио, во кое во главна улога е олигархијата, и темната страна на политиката, на терен претставена од најистурениот играч на непријателите на Вардар, “сопственикот” – Слободан Крстевски. Тој во многу наврати си дозволи да не излаже нас, и стручниот штаб, и играчите, и секој еден поединец од сите делови на она што претставува Вардар, а паралелно со нас и јавноста.ФК Вардар е ставен во многу незавидна ситуација од тие лаги, манипулации и измами со кои се служи овој човек, а покрај него и сите кои стојат позади него, во оваа специјална војна која му се случува на клубот.
Цобе ветува дека до петок, ФК Вардар ќе поднесе Завршна сметка и Ревизорски Извештај до Лиценцната комисија при ФФМ, за настап во Првата лига, со цел да докаже дека барем еднаш ќе одигра за интересите на Вардар и сите ние кои сме вљубени во тоа свето име и македонска Авангарда. Иако е клубот “негов” тој до сега ниту еднаш не направи ниту еден потег за да го покаже тоа на дело… Неверојатно, но вистинито!?“, објави јавно Миленковски.
„Институциите, и надлежните органи не најдоа за сходно, барем до сега, да направат било каков чекор во правец на заштита на она што претставува национално богатство, симбол и Клуб на Народот. А упатени беа безброј апели, од искрени побуди и со чистина невидена досега на нашата сцена. Тоа не беше доволно, за да се одбере народот наместо олигархијата, за жал.
Останува Вардар да се потпира само и единствено на Комити – Скопје, останатите навивачи на Вардар, но и конечно народот и јавноста. Оставени сме сами на себе, но ако сме одлучни оваа војна да ја истераме до крај, без притоа да го жалиме непријателот, а ниту себеси, уверен сум дека ќе доживееме победа и сеопшт народен триумф, кој му е толку потребен на овој напатен народ, како за промена од секојдневието исполнето со порази и деморализација на сопствениот народ.
Ако го сакаме Вардар дајте сите да се избориме за него, без колебања и без пардон, затоа што ВАРДАР е МАКЕДОНИЈА !
Доколку тоа не го сториме, ќе не колнат нашите поколенија, затоа што не сме достојни да се нарекуваме родители и Слободни луѓе, ниту пак сме достојни да ја газиме оваа света земја Македонија. Нема да сме достојни да се нарекуваме Комити“, истакна Миленковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
