Полска го претрпе првиот пораз во овие квалификации, додека Австрија ја декласираше Летонија во преостанатите две средби од петтото коло во групата во која се наоѓа и репрезентацијата на Македонија. Пријатно изненадија Словенците, кои со максимално дисциплинирана игра го натераа полскиот национален тим на прва капитулација. Струна го натера Шчешни на прва капитулација по еден корнер од левата страна, а Шпорар од контранапад зголеми на 2-0, шок по кој Полјаците не успеаја да се вратат.
Летонија претрпе катастрофален пораз од 6-0 на гостувањето против Австрија, во пресрет на понеделничкиот дуел во кој „фенерџијата“ во групата ќе ја пречека Македонија. Арнаутовиќ со два гола ја предводеше Австрија во овој убедлив триумф, во кој меѓу стрелците се запишаа и Сабицер, Илсанкер, Лаимер и Грегорич.
Полска и покрај поразот е на врвот на табелата со 12 бода, Австрија е втора со девет, пред Словенија и Израел со по осум бода на своето салдо. Македонија е петтопласирана со пет бода, пред Летонија, која претрпе порази во своите пет досегашни средби од овие квалификации.
Во следното коло в понеделник се среќаваат Летонија – Македонија, Полска – Австрија и Словенија – Израел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













