Фудбалската репрезентација на Македонија полека се прилагодува во Рига во пресрет на следниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020. По ремито со Израел, нашите најдобри фудбалери денеска го одржаа првиот тренинг во Летонија и најавуваат сигурен триумф против последнопласираната селекција во групата.
Играчот за врска Стефан Спировски вели дека нема притисок поради тоа што сме фаворити, а ќе треба да се одигра мирно и да се демонстрира квалитет за да се освојат бодовите.
„Не чувствуваме притисок. Подобри сме од Летонците, но тоа треба да го покажеме и на теренот. Свесни сме за нашите квалитети, верувам дека ќе успееме да наметнеме наша игра и да ги освоиме бодовите“, изјави Спировски.
Утре македонскиот национален тим ќе го одржи и официјалниот тренинг на стадионот „Даугава“ каде в понеделник ќе се игра мечот против Летонија, шести од циклусот квалификации за ЕП 2020.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













