Connect with us

Без Елмас против Летонија? Повреда на последниот тренинг

Фудбалската репрезентација на Македонија многу веројатно ќе остане без услугите на Елиф Елмас за утрешниот квалификациски натпревар против Летонија во Рига. На денешниот официјален тренинг, и тоа во последните моменти, тој заработи повреда на скочниот зглоб, по што е префрлен во болница на дополнителни медицински прегледи.

Елмас имаше дуел со голманот Дени Илиев и настрада скочниот зглоб на десната нога на фудбалерот на Наполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови