
Многу важен натпревар и претстои на македонската фудбалска репрезентација утревечер во Рига. Целта на Македонија се трите бода, да комплетира осум и на четири кола до крајот да влезе во егал завршница со надеж за пласман на ЕП 2020. Селекторот Игор Ангеловски и напаѓачот Иван Тричковски веруваат во успех против Летонците.
„Сакам да им го честитам националниот празник 8 Септември на сите Македонци. Се надевам дека утре фудбалерите со триумф ќе им го честитаат дополнително, а тоа ќе ни овозможи да стигнеме до осум бода и до крај да се бориме за пласман на ЕП 2020 и преку квалификациската група. Имаме една шанса преку Лигата на нации, ќе се бориме до крај и за оваа. Очекувам триумф против Летонците. Ги респектираме, но и свесни сме за нашите квалитети“, изјави Игор Ангеловски.
Во нападот шанса треба да добие Иван Тричковски. Тој е уверен во победа на нашиот национален тим.
„Секогаш се ставам во полза на колективот. Нашата цел е победа, ќе сториме се за да ја оствариме на утрешниот меч. Веруваме во нашите квалитети иако ја респектираме Летонија“, изјави Тричковски.
Натпреварот меѓу Летонија и Македонија се игра утревечер (20.45 часот) на стадионот „Даугава“ во Рига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Луис Суарез нема да остане во Интер Мајами

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
