Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Летонија со 0-2 во Рига и ги зголеми значително надежите за пласман на ЕП 2020 и преку групата. Со осум бода, Македонија во четирите последни кола влегува со убави шанси и за второто место.
Капитенот Горан Пандев во 14.минута и Енис Барди во 17.минута беа стрелци на головите за Македонија на овој дуел. Нашиот национален тим со оглед на шансите можеше да слави и многу поубедливо.
Македонија уште од самиот старт најави дека е заинтересирана за трите бода. Пандев го пронајде го проигра Иван Тричковски, тој шутираше одлично, но домашниот голман Ванинс одбрани.
Водството дојде преку капитенот Горан Пандев во 14.минута. По акцијата на Елиф Елмас по левата страна, тој со прецизен удар ја погоди мрежата на Андрис Ванинс.
Енис Барди три минути подоцна зголеми на 0-2 со удар од 20 метри. Елиф Елмас и Иван Тричковски имаа убави шанси, а во 42.минута Горан Пандев излезе сам пред голманот Ванинс, но не реализираше.
На стартот на вториот дел, Енис Барди се обиде од слободен удар од 17 метри, но шутираше директно во противничкиот голман. Пандев во 58.минута уште еднаш ги проба квалитетите на Ванинс, а тој исфрли во корнер. Се заканија и Летонците, но без ефект, па Македонија лесно ги одработи последните триесетина минути и ги грабна трите бода.
ЛЕТОНИЈА – МАКЕДОНИЈА 0-2 (0-2)
Стадион „Даугава“. Гледачи. 1.000. Судија: Еспен Ескас (Норвешка). Стрелци: Пандев 14′, Барди 17′ (Македонија). Ж. картони: Камешс, Максименко, Икауниекс, Ругинс (Летонија), Бејтулаи, Барди, Адеми (Македонија).
ЛЕТОНИЈА: Ванинс, Ругинс, Черномордијс, Максименко, Петерсонс, Лајзанс, Кигурс (75′ Пингулс), Камешс (84′ Сабала), Икауниекс, Гутковскис, Улдрикис (46′ Савалниекс).
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Бејтулаи, Велковски, Муслиу, Алиоски, Барди, Адеми, Пандев (76′ Николов), Елмас (88′ Радески), Тричковски, Трајковски (65′ Несторовски).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













