Connect with us

„Лавовите“ утре стартуваат со подготовки, втората фаза ќе ја реализираат во Словенија

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП од утре ги стартува подготовките за новата сезона и настапот на европска сцена. Тренерот Горан Симов и фудбалерите почетокот ќе го имаат на стадионот во Ѓорче Петров, а потоа втората подготвителна фаза ќе ја реализираат во Словенија.

Таму се закажани четири пријателски натпревари, против Железничар (23. јуни), против Целје (26. јуни), против Радомље (29. јуни) и против Чукарички (1. јули).

Нов договор со Македонија ЃП потпиша дефанзивецот Есмин Личина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови