
Делегација на саудискиот клуб Ал-Хилал пристигна во Париз за да го финализира милионскиот договор со Лионел Меси, дознава АФП, од два различни извори блиски до преговорите.
„Има делегација од Саудиска Арабија која има само една цел – да се врати со официјален договор со Меси“, коментира еден од изворите, посочувајќи дека „шеиците“ се сретнале со таткото и агентот на Меси, Хорхе.
„Ние сме во завршна фаза од преговорите. Доколку се биде во ред, Меси ќе потпише, а Ал-Хилал ќе го објави пред крајот на неделата“, коментира друг извор вклучен во преговорите.
Во исто време, Меси исто така беше поврзуван со враќање во Барселона, а некои шпекулации го испратија и во Интер Мајами од американската МЛС лига.
Аргентинската ѕвезда која досега беше играч на Пари Сен Жермен, има блиски релации со Саудиска Арабија, откако стана официјален туристички амбасадор на земјата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
