Екипата на Арсими, по последниот пораз на домашен терен против Струга Трим Лум, сега бара поволен резултат на натпреварот против Шкендија во Тетово. Настапот во првите 45 минути на натпреварот против Струга ТЛ им дава дополнителна мотивација на играчите на Арсими дека можат да повторат таква игра и против актуелниот шампион.
Еден од нив е Армин Бесагиќ, кој верува во позитивен исход.
„Многу сум среќен што имам можност да го претставувам Арсими на овој важен првенствен натпревар против шампионите, Шкендија од Тетово. Максимално го почитуваме противничкиот тим, кој имаше успеси дури и во европската елита и покажа исклучителен квалитет“, вели играчот на Арсими за официјалниот сајт на ФФМ.
Бесагиќ верува дека тимот на Арсими нема што да го изгуби на овој дуел, знаејќи дека фаворитот е Шкендија, која доаѓа на овој натпревар по големиот европски успех и победата над Лудогорец, во плејофот од Лигата на Европа.
„Доаѓаме со борбен и тимски менталитет. Добро сме подготвени. Тренинзите беа интензивни, а не недостасува нашата посветеност да дадеме максимум во секој момент. Нашата цел е да играме храбро, да ја искористиме секоја евентуална грешка на Шкендија“, дополни Бесагиќ.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













