Фудбалерите на Шкупи од утре се селат на подготовки во Охрид. Тренерот Џихат Арслан ќе поведе и поголем број млади фудбалери.
„Сакам да им се заблагодарам на сите фудбалери кои си заминаа од нашиот клуб, знаете дека нивниот број се искачи на девет, а тоа донесе промена во нашиот тим. Сега целта ни е да се подготвиме за европските натпреварувања, затоа и почнавме многу порано со подготвителната фаза. Со оглед на заминувањето на девет фудбалери, наша цел е да донесеме адекватни замени за нив. Нашата цел е да добиеме што повеќе млади фудбалери, дури и од нашите фудбалски школи, бидејќи верувам дека имаме млади и добри фудбалери. Во Охрид ќе земеме седум до осум млади фудбалери од нашата фудбалска школа, одблиску да видиме колку се добри, да бидат на услуга на тимот во иднина.
Целта ни е да го претставиме македонскиот фудбал што е можно подобро во европските натпреварувања, а зошто да не ги доловиме и групите, па тоа ќе биде и нашата цел“, изјави тренерот Арслан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













