
Македонскиот вицепрвак Шкупи го доведе првото засилување за новата сезона. Младинскиот репрезентативец Арби Воша доаѓа од Македонија ЃП и потпиша тригодишен договор со клубот од Чаир.
„Дојдов во тимот кој е повеќекратен шампион на земјата и освојувач на неколку титули во Купот. Посебно е чувството да се носи овој дрес, знаејќи дека во минатото многу легенди и големи имиња играле на овој стадион. Искрено, имав понуди од неколку клубови, но срцето ми рече да го носам дресот на Шкупи. Сакам да играм неколку години во овој тим, за да направам уште поголем напредок во кариерата“, изјави Арби Воша.
Крилниот напаѓач е дете на Македонија ЃП, а сега се сели на Чаир.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
