Connect with us

Два проблеми за Кек пред дуелот со Македонија

Словенија ослабена ќе допатува во Скопје за дуелот со Македонија откако двајца повикани фудбалери од страна на селекторот Кек поради повреди го откажаа настапот во овие октомвриски квалификации. Напаѓачот на Марибор, Лука Захович, беше најавуван како стартер за дуелот во Скопје, но тој ќе мора да одмори најмалку три седмици по повредата на мускулот заработена на дуелот со Мура. 

Покрај него, на повреда се пожали и Чрнигој, кој ја обнови повредата заработена на септемврискиот дуел со Полска, па сега го очекува нова пауза од терените.

„Двајцата фудбалери дефинитивно нема да настапат против Македонија и потоа против Австрија. Селекторот дополнително ќе донесе одлука дали на нивно место ќе бидат дополнително повикани други фудбалери“ – потврдија од Фудбалската Федерација на Словенија
 
Мечот меѓу Македонија и Словенија ќе се игра на 10 октомври во Скопје, а три дена подоцна Словенците на домашен терен ќе ја пречекаат Австрија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови