Connect with us

Жртвата на Дани Алвеш раскажа сѐ: Ми го крена фустанот и бараше да седнам на неговиот…

Поранешната светска фудбалска ѕвезда Дани Алвеш (40) зад решетки е повеќе од три месеци. Во јануари тој заврши во притвор под обвинение за силување што против него го покрена сè уште анонимна 23-годишна жена.


На крајот на минатата година Дани Алвеш направи грешка во животот, поради која следните 10 години би можел да ги помине зад решетки. Тој се забавувал во ноќен клуб во Барселона, а недолго потоа следуваше обвинението дека силувал 23-годишна девојка.

Бразилскиот фудбалер беше уапсен во средината на јануари. Оттогаш тој е зад решетки и го чека судењето, чиј датум се уште не е одреден. Тој се појавуваше на неколку рочишта, често го менуваше сведочењето, а судот одлучи да го држи во притвор поради можноста за бегство.

И додека го чека судењето и одлуката за казната која би можела да биде неколку години, девојката која обвинета се појави во емисијата „En Boca de Todos“ ги откри деталите за тоа што се случувало во ноќниот клуб.

„Тој дојде кај мене и ме праша дали знам кој е тој? Јас одговорив дека не знам, а тој потоа ми кажа дека се вика Дани. Се сеќавам дека зеде мојата рака и ја стави на неговиот полов орган. Повторно ме замоли да одам со него, но јас одбив“, изјави злоставуваната девојка.

„Се исплашив и си помислив: Што ако ми стави нешто во пијалокот? Што ако и направи нешто на мојата пријателка? Многу работи ми поминаа низ глава за неколку секунди”.

Потоа опиша како бразилскиот фудбалер ја принудил на секс.

„Ми го крена фустанот и бараше да седнам на неговиот пенис.. Неколку пати реков „Не, не можам да го направам тоа“. Реков дека треба да си одам и тој почна да ми кажува различни работи. Потоа ме фрли на подот, јас бев во и тогаш целосно се изгубив“, изјави злоставуваната девојка.

Алвеш тврди дека девојката доброволно се согласила на сексуален однос. Тоа ќе биде неговата одбрана на суд, но очигледно дека има доволно докази против него.

Девојката, наводно, одбила бројни парични понуди да се откаже од обвиненијата. Таа јасно стави до знаење дека парите не и се важни и дека сака Алвеш да плати за тоа што и го направил.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови