Connect with us

Шкупи на почетокот на летните подготовки објави кои фудбалери заминуваат од клубот

Македонскиот прволигаш Шкупи денеска ги стартува летните подготовки, а клубот извести и кои фудбалери заминаа од Чаир. Голманот Кристијан Наумовски и играчот за врска Фреди Алварез направија трансфери, а по завршувањето на сезоната како слободни фудбалери си заминуваат и Владица Брдаровски, Џелил Абдула, Мелос Бајрами, Бесник Ферати и Пепи Георгиев.


Во меѓувреме, спогодбено е раскинат договорот и со голманот Стефан Јакимовски.


Шкупи најавува дека е во преговори со неколку фудбалери кои треба да пристигнат како засилувања за настапите во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови