
Португалскиот стратег Жозе Мурињо вечерва би можел да се збогува со Рома. Според италијанските медиуми, тој донел одлука и по две години сака да го напушти Рим. Мурињо има договор за уште една сезона, но не е задоволен од вложувања на семејството Фридкин во тимот.
„Немаме ист буџет, Севилја има посилен тим, ние сме семејство, но имаме играчи кои играа во втората лига до оваа година“, изјави Португалецот.
Португалецот нема да ја води Рома на последниот натпревар од Серија А бидејќи е суспендиран, па ова би можел да биде негов последен натпревар како предводник на „волчицата“. За него сериозно е заинтересиран Пари Сен Жермен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal