
Маурисио Покетино е новиот менаџер на Челси. Аргентинецот со тоа стана четврти тренер на тој клуб во последните осум месеци.
Лондончани тековната сезона ја започнаа со Томас Тухел на клупата, а во септември беше заменет со Грем Потер кој издржа само 31 натпревар, по што Френк Лампард го презеде тимот како привремено решение до крајот на сезоната.
Покетино веднаш започнува со ремонт на тимот. Целта му е летово да донесе голман, играч за врска и напаѓач, а парите за тоа планира да ги најде со продажба на десетина фудбалери.
На списокот на играчите кои Покетино најверојатно ќе ги отпише се наоѓаат дури 15 фудбалери, а Челси планира да добие околу 320 милиони евра.
Најмногу пари планира Челси да заработи на Мејсон Маунт, кој би можел да замине за околу 80 милиони евра. Конор Галахер би можел да замине во Њукасл за 45 милиони евра, а Челзи планира да ги продаде Кристијан Пулишиќ, Рубен Лофтус-Чик и Тревох Чалоба за по 30 милиони евра.
За Матео Ковачиќ, кого во 2019 година го донесе од Реал за 45 милиони евра, лондонскиот клуб планира да добие 40 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Меѓународен фудбал
Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
