
Тренерот на Порто, Серџо Консеисао, е новиот фаворит за наследник на Лучијано Спалети во Наполи. Според „Скај Италија“, шампионот во Серија А му понудил на Португалецот плата од 6 милиони евра по сезона.
Откако стана јасно дека Спалети нема да продолжи да работи откако побарал пауза од фудбалот, последните денови се појавија информации дека „партенопеите“ преговараат со Луис Енрике. Сепак, претседателот на Наполи прокоментира дека желбата на поранешниот селектор на Шпанија е да почне со работа во Премиер – лигата.
Консеисао моментно е фаворит за оваа функција, а алтернативи се Винченцо Италијано и Тијаго Мота.
Португалецот добро ја познава Серија А каде играше за Лацио, Парма и за Интер. Во летото 2021 година неговото име се поврзуваше со Наполи, но на крајот изборот падна на Спалети.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski