
Тренерот на Севилја, Хозе Луис Мендилибар, не знае дали искуството на неговата екипа во Лигата на Европа има поголема или помала тежина од фактот дека Жозе Мурињо има неспоредливо побогато досие во борбата за големи трофеи од него. За Шпанецот ова е прво финале, додека Специјалниот досега има пет победи во пет финалиња на европските клупски турнири.
Сепак, Мендилибар е уверен дека историјата нема никакво влијание на овие натпревари.
„Историјата и искуството се многу добра работа, но тоа е само еден фудбалски натпревар. Двете екипи сосема заслужено стигнаа до ова финале. За мене тоа е прво финале, но не и за моите играчи, за клубот или за Жозе Мурињо. Не знам што има поголема тежина. Мора да одиграме добар натпревар каде што нема да грешиме бидејќи тоа може да нѐ чини скапо.
Благодарен сум за она што го кажува Мурињо за мене, за тимот и за клубот, но како што историјата не победува во финалиња, така и комплиментите“, изјави тренерот на Севилја.
Тој знае дека Рома умее одлично да се брани.
„Тимот на Рома е многу силен во одбраната. Не им требаат многу можности за гол и за победа. Не се грижат премногу за тоа колку пати ќе стигнат до противничкиот гол. Тие не се како нас. Тие се чувствуваат удобно да се бранат блиску до сопствениот шеснаесетник и да бидат под притисок“, истакна Мендилибар на прес-конференција во пресрет на утрешното финале.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Меѓународен фудбал
Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
