
Јувентус постигна договор со фудбалските власти во Италија и ќе плати казна од 718.000 евра за неправилности при исплатата на платите на играчите, информира „Ројтерс“. Дополнително, најуспешниот италијански клуб ќе одбие да поднесе жалба на судските одлуки за случајот.
Договорот дојде откако беа одземени 10 бода од салдото на Јувентус оваа сезона за трансферното сметководство на клубот. Нема да им се одземат повеќе бодови на „бјанконерите“, кои мораат да завршат седми во Серија А во најлош случај, што би ги квалификувало за Конференциската лига следната сезона.
Клупското сослушување првично беше закажано за 15 јуни, но Јувентус успеа да го премести за денеска за да биде пред крајот на сезоната во Серија А.
УЕФА ќе му изрече казна на Јувентус за случајот и учеството на клубот во натпреварувањата на Стариот континент следната сезона е под сериозно прашање, пренесуваат медиумите на Апенините.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
