
Новиот прволигаш Воска Спорт ја раскина соработката со досегашниот тренер Берат Имери. Во историската прва сезона во елитата, тимот од Охрид ќе го предводи нов стратег.
„Воска Спорт објавува дека Берат Имери повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб. По неколку дена разговори не успеавме да најдеме заеднички јазик, по што беше донесена одлука за разделба. Воска му се заблагодарува на Имери за придонесот во периодот додека го водеше нашиот тим и му посакуваме многу среќа, здравје и успех во натамошната тренерска кариера. Веруваме дека еден ден нашите патишта повторно ќе се спојат“, објави ФК Воска.
Како најсериозен кандидат за нов шеф на стручниот штаб на Воска Спорт се споменува Мирсад Јонуз, кој го напушти Скопје по поразот во баражот од Вардар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Меѓународен фудбал
Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
