
Легендата на Баерн Минхен, Ули Хенес, смета дека назначувањето на Оливер Кан за клупски шеф било грешка. Поранешниот голман беше извршен директор на Баварците, но беше отпуштен по последното коло.
„Дури и да ги освоевме сите титули и националниот куп и Лигата на шампионите, ќе го направевме истото. Одлуката мораше да се донесе“, изјави почесниот претседател на клубот за магазинот „Кикер“.
На 71-годишна возраст, Ули Хенес останува најмоќниот човек во Баерн, член на Надзорниот одбор – телото кое го отстрани Оливер Кан од неговата функција, како и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.
Запрашан дали е грешка да се назначи Оливер Кан на функцијата во 2021 година наместо друга клупска икона, Карл-Хајнц Румениге, Хенес одговори:
„Во реалноста мораме да признаеме дека е така. Големото разочарување доаѓа од тоа што мислев дека со својата силна личност ќе ја исполни улогата, но наместо тоа тој се опкружи со надворешни советници кои доведоа до создавање на катастрофална атмосфера во клубот“, изјави почесниот претседател.
Оливер Кан, кој имаше договор со Баерн до крајот на 2024 година, не само што беше отпуштен од клубот туку и му беше забрането да присуствува на последниот натпревар на Баерн Минхен против Келн.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср сака да го купи Кристијан Пулишиќ

Интернационалци
ОФК Београд го претстави Марко Алчевски како ново засилување

Евро-фудбал
Луј ван Гал го победи ракот

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
