
Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан, ја коментираше ситуацијата во клубот по поразот (1-3) на Баварците од Лајпциг во 33. коло од Бундес лигата. Тимот на Томас Тухел е на пат да ја загуби титулата за првпат по 2011/2012 година, која беше последна сезона во која завршија без освоени трофеи.
„Тоа се случи многу пати оваа сезона. Се чувствувам како сѐ да се распаѓа. Како што одминуваше натпреварот, имав чувство дека не можеме да победиме. Ситуацијата веќе не е во наши раце. Тоа е горчливо. Длабоко сме разочарани што ја пропуштивме оваа можност“, изјави Оливер Кан.
Баерн Минхен веќе не ја држи судбината во свои раце и доколку Борусија Дортмунд го добие денешниот натпревар против Аугсбург, Баварците ќе паднат на второто место на само коло пред крајот на шампионатот во Бундес-лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Одегард е посериозно повреден?

Евро-фудбал
Французите останаа без Мбапе за мечот со Исланд
