Македонија ЃП успеа да го одбрани пехарот во Купот на Македонија откако на пенали ја совлада Струга ТЛ со 2-0. Стружани не успеаја да реализираат ниту еден пенал, а во регуларниот тек мечот заврши 1-1. Во продолженијата немаше промени, па решаваа пеналите.
„Горд сум на овие момци. Тоа е нивен трофеј, затоа што знам колку напорно работеа цела година. Јас сум со нив еден и пол месец, и не си ставам заслуги за ова вечерва. Можеби Струга ТЛ на моменти беше и подобар тим, искрено, нѐ притиснаа после израмнувачкиот погодок, во еден период и од продолженијата, но ние издржавме сѐ и на крајот славевме по пенали. Навистина не знам што се случуваше на пеналите, ревија од утки, нереализирани пенали, но ете среќата беше на наша страна. Можам да кажам на крајот дека заслуживме и дека пехарот во Купот е потешко да се одбрани отколку да се освои. Ќе играме на европска сцена, ќе дадеме сѐ од себе, но да бидеме искрени, вложувањата и финансиите во македонскиот фудбал се скромни за разлика од Европа“, изјави Горан Симов.
Арби Воша е среќен што „лавовите“ го одбранија трофејот во Купот.
„Беше тежок и неизвесен натпревар, а игравме против шампионот. Струга ТЛ е одличен тим, но ние поведовме и долго го држевме водството. Не потклекнавме и по израмнувањето, а на крајот имавме повеќе среќа. Но, среќата ги следи храбрите“, изјави Воша.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski