
Македонскиот второлигаш Пелистер се раздели со шефот на стручниот штаб Бобан Бабунски. Тој дојде во текот на зимската пауза и имаше мисија да се обиде да го внесе битолскиот клуб во елитата, но на крајот не успеа. Пелистер ја заврши сезоната во Втората лига на четвртата позиција и следната сезона повторно ќе се натпреварува во вториот фудбалски ранг.
„ФК Пелистер ја известува јавноста дека со завршувањето на Втората фудбалска лига официјално заврши договорот на шефот на стручниот штаб Бобан Бабунски. Со оглед на неисполнувањето на целта, промоција во Првата лига, патиштата на клубот и Бабунски се разидуваат.
ФК Пелистер му се заблагодарува на Бабунски за неговата работа, професионалност и посветеност и му посакува многу успех во понатомошната кариера.
Клубот во наредниот период ќе го објави новиот шеф на стручниот штаб за сезоната 2023/24“, соопштија од ФК Пелистер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
