Connect with us

Велковски: Сега на победа против Израел за успешен крај на квалификациите

Поразот од Австрија можеби беше „очекуван“, а сега следи дуелот што на Македонија може да и го донесе третото место во квалификациската група, во вторник против Израел во Скопје. Триумф над Израелците и победа на Полска над Словенија за нашиот национален тим ќе значи и најдобар пласман во еден квалификациски циклус.

Дефанзивецот Дарко Велковски вели дека шансите се 50-50, но се надева дека Македонија ќе успее да стигне до посакуваната победа и до третата позиција на крајот од квалификациската група.

„Израел е квалитетна селекција, шансите се 50-50. Но, со добар пристап и добра подготовка можеме да ги победиме во Скопје. Соте се надеваме на една таква завршница на овие квалификации, пласманот на третото место е нашата цел“, вели Дарко Велковски.

Тој признава дека одбраната погреши за првиот погодок на Австријците.

„Наша е грешка е тоа, не се поставивме добро, не очекувавме такво додавање. Но, Австријците одлично тоа го одиграа. Во првото полувреме се играше многу повеќе во нашето поле, а потоа се ослободивме и создадовме неколку шанси во вториот дел. На крајот постигнавме и погодок. Може да се каже дека солидно се претставивме иако никогаш не е пријатно кога ќе се загуби. Но, со толку многу проблеми, можеби и јавноста не очекуваше премногу од нас. Мислам дека сепак добро се претставивме против фаворизираната Австрија. Сега тоа го оставаме зад нас и се фокусираме на последниот меч од квалификациите против Израел“, изјави репрезентативниот стопер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови