Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе го заокружи циклусот квалификации за ЕВРО 2020. Противник е селекцијата на Израел и воопшто не е сеедно, дали на крајот ќе завршиме како третопласирани во групата или можеби дури и на петтата позиција. Се ќе зависи од исходот на мечот против Израелците, но и од пресметката меѓу Полска и Словенија во Варшава.
„Посакуваме да завршиме на третата позиција, тоа ќе биде одлично заокружување на едни добро одиграни квалификации. Ние сме подготвени со победа да го завршиме овој циклус. Очекуваме поддршка против Израел и триумф кој би можел да не одведе до третото место. Ќе добијат шанса најдобро подготвените и не верувам дека ќе има многу изненадувања и кај Израелците“, изјави селекторот Игор Ангеловски на прес – конференцијата во пресрет на мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













