Марсел Сабицер во вториот дел од сезоната дојде во Манчестер Јунајтед каде ги „крпи“ дупките во средниот ред кај Тен Хаг. Тој е воодушевен од клубот од „Олд Трафорд“ и направи споредба со претходниот клуб, германскиот гигант Баерн Минхен.
„Веќе искусив многу во мојата кариера во Баерн Минхен. Овде сè е поголемо. Уште повеќе луѓе кои се грижат за тебе. Луѓето се луди кога станува збор за Манчестер Јунајтед. Можете да го почувствувате тоа на „Олд Трафорд“. Навистина уживам во тоа и горд сум што сум дел од овој клуб“, изјави Марсел Сабицер.
Австриецот е моментно позајмен играч од Баерн Минхен и најверојатно би сакал перманентно да се пресели во Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













