Connect with us

Катарскиот шеик понуди 6,5 милијарди фунти за да го купи Манчестер Ј., а би ги донел и Мбапе, Коман и Камавинга

Катарскиот шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани му понуди на американското семејство Глејзер пет милијарди фунти за стопроцентна сопственост на Манчестер Јунајтед. Доколку понудата биде прифатена, тој би инвестирал и дополнителни 800 милиони фунти за подобрување на клупската инфраструктура, поточно тренинг кампот Керингтон и стадионот „Олд Трафорд“. Тоа е инвестиција од вкупно 6,5 милијарди евра, заедно со буџетот за нови засилувања, од 700 милиони.


Сакајќи да изврши дополнителен притисок до семејството Глејзер, тој веднаш вети и три суперѕвезди доколку му го продадат клубот. Тоа се Килијан Мбапе, Кингсли Коман и Едуардо Камавинга.

Семејството Глејзер го продава Манчестер Јунајтед по 18 години, но сѐ уште не одлучило дали тоа да го направи целосно или делумно. За разлика од Ал-Тани, кој сака да биде единствен сопственик на клубот, Ретклиф сака да купи контролен пакет од 50 проценти и да стане претседател. Аврам и Џоел Глејзер би задржале 20 отсто од акциите, додека останатите 30 отсто би ги држеле различни групи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови