Наполи и Елиф Елмас ќе треба утре да се помачат и да ја грабнат шампионската титула на гостувањето кај Удинезе, откако Лацио вечерва славеше против Сасуоло со 2-0. Фелипе Андерсон постигна гол за водство од 1-0, а Тома Башиќ во 92. минута го потврди триумфот.
Милан едвај се спаси од пораз против Кремонезе на домашен терен играјќи 1-1. Гостите поведоа со голот на Окереке во 77. минута, а Милан стигна до бод во 93. минута со автоголот на Васкез.
Рома одигра 1-1 на гости кај Монца. Ел Шарави во 24. минута обезбеди предност за гостите, но Калдирола израмни уште пред одморот.
Интер ја декласираше Верона со 0-6. Џеко и Лаутаро Мартинез постигнаа по два гола, погоди и Чалханоглу, а серијата ја отвори Адолфо Гаич со автогол во 31.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













