Connect with us

Халанд испиша историја во триумфот на Сити, победи и Ливерпул (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд испиша нова голгетерска историја во Премиер – лигата откако го постигна својот 35. гол оваа сезона во првенството и постави нов рекорд. Со тоа ги надмина остварувањата на Енди Кол и на Алан Ширер.

Тој во 70.минута зголеми на 2-0, откако Нејтан Аке го отвори резултатот во корист на Манчестер Сити во 50.минута на дуелот против Вест Хем.

Конечниот резултат го постави Фил Фоден со голот во 85.минута.

Сега „граѓаните“ имаат бод предност пред Арсенал на врвот на табелата во Премиер-лигата и еден меч помалку од ривалот.

Ливерпул го победи Фулам со 1-0 на „Енфилд Роуд“. Стрелец на победничкиот гол беше Мохамед Салах од пенал во 39.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови