
Тензиите меѓу Пари Сен Жермен и Лео Меси деновиве би можеле да станат уште поголеми. Француски „Л’Екип“ објави информација дека ПСЖ ќе го суспендира Аргентинецот поради кршење на клупската дисциплина на две недели.
Контроверзно е патувањето на Меси во Саудиска Арабија, чиј промотор е од неодамна, по експлицитната одлука на Кристоф Галтие да ги откаже двата слободни дена што планираше да им ги даде на своите фудбалери.
По поразот (1-3) од Лориен во Париз, стратегот на „светците“ реши да го казни тимот со тренинзи без слободен ден.
Меси долета во Ријад по претходен договор, помина два дена, кои челниците на Пари Сен Жермен очигледно нема така лесно да го заборават.
Доколку казната стане официјална, Меси ќе ги пропушти сите натпревари во следните две недели, а ќе остане и без двонеделна плата.
Имајќи предвид дека неговиот договор истекува на крајот на сезоната, постојат големи шанси Аргентинецот да го напушти главниот град на Франција, а како можни дестинации се споменуваат Барселона, Ал-Хилал, Интер Мајами од МЛС – лигата и Њуелс Олд Бојс, неговиот клуб од детството.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тијаго Мота пред отказ во Јувентус?

Женски фудбал
Фудбалерките убедливо поразени од Косово
