
Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години го победи Гибралтар со 3-0 во второто коло на квалификацискиот турнир во Скопје, во рамките на групата Б1 (втора рунда, лига Б).
Билјана Панеска во 11.минута го отвори резултатот, а Веса Села во 22.минута зголеми на 2-0.
Третиот погодок повторно беше дело на Билјана Панеска во 48.минута.
Во претходното коло, младата репрезентација на Македонија славеше убедлива победа над Грузија со 4:0.
Астрит Мерко на денешниот натпревар против Гибралтар по 100. пат ја водеше женската репрезентација на Македонија до 19 години.
Македонија: Кабакчи, Блажевска, Головска, Мојсоска, Далипи, Ристовска, Стаблева, Села, Велиу, Сулејмани, Панеска;
Селектор: Астрит Мерко;

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Проблеми за Милан, се повреди Рафаел Леао
