
Младата женска фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години забележа убедлива победа над соодветната селекцијата на Грузија во натпревар од првото коло на квалификацискиот турнир во Скопје, во рамките на групата Б1 (втора рунда, лига Б).
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Астрит Мерко славеа победа со убедливи 4-0.

Првиот погодок беше дело на Панеска во 22. минута од мечот. Сулејмани во последните моменти од првото полувреме го зголеми нашето водство.
Во продолжението од натпреварот, Македонија постигна уште два гола за убедлив триумф на почетокот на квалификацискиот турнир. Мејер во 82. минута погоди за 3-0, а конечниот резултат го постави Настовска во последната минута од дуелот.
Македонија: Кабакчи, Головска, Сулејмани, Мојсоска, Блажевска, Мејер, Ефтинџиоска, Села, Велкова, Сулејмани, Панеска;
Селектор: Астрит Мерко;

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
