Женската А репрезентација на Македонија на почетокот на април ќе одигра два контролни натпревари против селекциите на Албанија и Црна Гора. Првата контрола е против Албанија, во Елбасан, на 7. април.
Три дена подоцна, во Подгорица е закажан меч против Црна Гора.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов, за претстојните контролни натпревари, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Лина Самарџиевска (Шведска);
Одбрана: Даниела Велеска (Риека, Хрватска), Викторија Недева (Хајдук,Хрватска), Ана Милчевска (Сараево, БиХ), Христина Јошевска (Љуботен), Елена Панеска (Каменица Саса), Александра Јовановска (Истатов Кул), Катерина Петкова (Истатов Кул), Јована Павловска (Деспина);
Среден ред: Наташа Андонова (Леванте), Елена Петровска (Љуботен), Александра Марковска (Љуботен), Ленче Андреевска (Каменица Саса), Елма Шемсовиќ (Каменица Саса), Сара Велкова (Тиверија), Хава Мустафа (Шкендија);
Напад: Гентијана Точи (Купс, Финска), Теа Божиновска (Риека, Хрватска), Јулија Живиќ (Сплир, Хрватска), Марјана Нацева (Борусијам Германија), Јилза Максути (Ас Јунајтед), Оливера Цоклеска (Асс Јунајтед);
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal