Шкупи со новиот тренер Чихан Арслан тргнува во лов на лидерот Струга Трим Лум. Турскиот стратег го замени Гоце Седлоски, а репрезентативната пауза ја искористи за да се запознае со тимот.
На Чаир денеска гостува Скопје, кој се бори за опстанок, а Шкупи ќе треба да пронајде начин за да го развие бункерот.
Струга Трим Лум нема намера да подзастане во трката за шампионскиот трофеј, па планира три бода од денешната пресметка против Академија Пандев. Поука секако има од дуелите во кои „пандевци“ им „украдоа“ бодови на фудбалерите на Шкупи.
Во Тетово, Шкендија ја пречекува Победа и голем фаворит, а интересна пресметка се очекува во Штип, каде се среќаваат Брегалница и Тиквеш. Нивното ривалство датира од поодамна, а денеска ќе има нова епизода.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 25.КОЛО (денеска 15 часот)
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
ШКУПИ – СКОПЈЕ
ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ
ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 2-1
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski