Connect with us

Втора лига: Жоглев погоди „пред да ѕвони“, Вардар се зацврсти на врвот

Најтрофејниот македонски клуб Вардар успеа да слави триумф (1-2) над Локомотива Пехчево на дуелот што се одигра во Кичево. Натпреварот доцнеше поради проблемите на вардарци со транспортот, а и на теренот доцна ги испорачаа головите.


Дејан Цветановски во првото полувреме донесе предност за Вардар, но Локомотива Пехчево израмни. Повторно Владимир Жоглев беше таличен за „црвено-црните“ и постигна гол за триумф во 96.минута.

Со оваа победа, Вардар останува лидер на табелата во Втората лига со 52 бода, пред Гостивар кој има 48 бода.

Дербито од ова коло меѓу Воска Спорт и Пелистер ќе се одигра в среда.

Детонит Плачковица одигра 1-1 против Охрид, а Арсими славеше со 2-4 на гости против Борец.

Мечевите Каменица Саса – Тетекс и Караорман – Кожуф завршија без голови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови