Министерството за внатрешни работи на Македонија објави соопштение пред утрешниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Косово кој е закажан за 20.45 часот на арената „Тодор Проески“. МВР побара навивачките групи да се воздржат од инциденти и напомена дека нема групно следење на натпреварот.
„МВР во соработка со ФФМ и другите надлежни органи постапи во однос на обезбедување сигурност на учесниците. Преземени се сите мерки за безбедноста на фудбалерите од пристигнувањето во Скопје, за време на мечот и по одигрување на натпреварот. Преземени се и сите потребни мерки за почитување на протоколите за заштита од ковид-19. Поради тоа не е дозволено присуство на публика на трибините. МВР апелира да не се гледа групно натпреварот, а исто така до навивачите се апелира да се воздржат од инциденти, употреба на говор на омраза или други нарушувања на јавниот ред и мир, зашто тоа најстрого ќе биде санкционирано“, соопштија од МВР.
Мечот ќе се игра без присуство на публика, но МВР апелира и да нема групирање за заедничко следење на натпреварот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













