
Пишува: Никола Ѓуровски
Капитенот Горан Пандев пристигна во Скопје меѓу првите, а беше толку неизвесно дали воопшто ќе дојде. Ја издржа целата Ковид-драма во Џенова, успеа да го избегне коронавирусот и покрај тоа што го зафати речиси целиот тим на италијанскиот калчолигаш. Вели дека ФФМ „светот го преврте“ за да дојде, а сега следи мечот што сите го чекаме.
„Морам да се заблагодарам на многу луѓе за тоа што успеав да пристигнам во Скопје. Беше навистина драматично, неизвесно, се вложија максимални напори од селекторот, генералниот секретар на ФФМ, во пресрет излезе и директорот на Џенова, како и вработените од македонската амабасада во Италија. Има и луѓе кои воопшто не прашаа како е Горан? Да пуштат една порака, да видат што е проблемот. Но, зафатени се до градење на терени. Најважно е што се излезе добро и сега сме фокусирани само на мечот што ни претстои. Долго време Косово ни е во мислите, еве го мечот дојде, сега треба да одиграме најдобро што знаеме. Искусни сме и подготвени, знаеме што не чека. За мене ова е последна шанса за да играм на Европско првенство, ќе дадам се од себе за да успееме, и јас и сите репрезентативци. Знам дека ќе оставиме срце на терен, а ќе има само еден победник“, изјави Горан Пандев на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот меч.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген
