Пишува: Никола Ѓуровски
Долго го исчекуваа сите плејоф полуфиналето против Косово, имаше одложувања, отстапки, ќе нема публика, но на крајот, фудбалерите ќе решаваат на теренот кој ќе биде победник. За Македонија тоа е историска шанса за пласман на едно Европско првенство, по 30 години првпат се отвора ваква неверојатна можност и селекторот Игор Ангеловски е убеден дека македонско срце ќе „гине“ на терен за да оствари победа.
„Во едно сум сигурен, а тоа дека македонските фудбалери утревечер ќе „гинат“ за победа против Косово. Ова е нашата историска шанса, свесни сме за тоа, првпат во 30 години сме така блиску до пласман на Европско првенство. Мотивирани сме максимално, уверени во квалитетот и ќе излеземе со само една цел – да победиме. Жално е што капитенот Горан Пандев имаше огромни проблеми, загуби и од тренажниот ритам поради сите проблеми со коронавирусот во Џенова, ќе го немаме на располагање и Елиф Елмас, но цела Македонија има само една желба, да победиме и ние тоа го чувствуваме. Сигурен сум дека сите ќе го дадат максимумот за да ја исполниме целта. И Косово има свои проблеми, нема да биде во најдобар состав, но тоа не е моја работа, секако ќе играме на теренот 11 против 11“, изјави Игор Ангеловски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal