
Македонскиот фудбалски дијамант Елиф Елмас не може да им помогне на соиграчите од националниот тим во вечерашната битка против Косово, во полуфиналето од плејофот за Лигата на нации. Тој имаше позитивен тест на коронавирус што го спречи да допатува во Скопје, а во меѓувреме и ја надмина болеста. Сепак, потребни се три негативни теста по ред за Елиф Елмас да добие дозвола да излезе од карантин.
Но, од Неапол „дијамантот“ им дава огромна поддршка на останатите репрезентативци преку социјалните мрежи, а секако и во меѓусебен разговор. Тој на Инстаграм објави дека со мислите е со Македонија и со колегите од националната селекција. И секако – доаѓа за финале!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген
