Косово е десеткувано, но далеку од тоа дека и овој состав на Бернард Шаландес нема квалитет. Селекторот на Косово го одреди составот за вечерашната мега-пресметка против Македонија на арената „Тодор Проески“ (20.45 часот) во полуфиналето на плејофот на Лигата на нации за пласман на Европското првенство.
Можеби ги нема на располагање капитенот Амир Рахмани и најдобриот напаѓач Ведат Муричи, но Шаландес секако располага со квалитетен тим.
На голот ќе биде Мурич, стоперскиот тандем ќе го сочинуваат Дрешевиќ и Алити, на бековските позиции се Војвода и Кололи. Двајца последни играчи за врска се Бериша и Шала, а пред нив Целина како главен организатор на играта. Закана од крилните позиции ќе бидат Зенели и Жегрова, а најистурен во нападот е Атде Нухиу, напаѓачот на АПОЕЛ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













