
Пишува: Никола Ѓуровски
Отапевме чекајќи го Косово. Ни збоктиса. Ковидов не малтретира, ама не повеќе од то што го измачи Горан Пандев. Гранде Пандев покажа дека е Мачедоне со огромно срце, издржа седум теста, скапа во карантин во Џенова, го „преврте“ светот и на крајот дојде прв на собирот на репрезентацијата.
Не само дека е капитен и дека лентата го обврзува, туку дека е Македонец до коска и не сака(ше) да ја заврши кариерата без да заигра со националниот дрес на едно големо натпреварување.
Ги паметам неговите почетоци во репрезентацијата, одамна беше, што се вели јас остарев, а и тој не е во цутот на младоста. Но, за фудбал е велемајстор и за вакви како Косово ја има измислено играта.
Ова е обичен фудбалски натпревар, за жал, ќе нема и публика на стадион. Но, за сите нас е многу повеќе. Ова е тест дека треба да веруваме во Македонија! Биди и ти како Горан Пандев! Верувај дека Македонија може на Европско! Биди поддршка, насочи ја енергијата, навивај по дома, за конечно оваа земја да направи нешто со што ќе може да се гордее.
Не треба да им кажувате на Гоче, Стефан, Аријан, Езгјан како треба…Знаат како се игра фудбал. Мислам дека многу подобро од ривалот Косово. Мирна глава, жешко срце и лесни нозе! Не е лесно да се игра фудбал, многу полесно е да се навива. И да се верува дека нашите фудбалери можат!
Во изминативе 30 години Македонија тука максимално потфрли. Ги пцуевте, ги понижувавте, ги исвиркувавте кога ќе загубат. Не им верувавте премногу дури и кога ќе победат. Ја немаа вашата поддршка, признајте си…
Затоа…
Биди и ти Горан Пандев! Верувај дека Македонија може на Европско!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген
