
Фудбалската репрезентација на Македонија во намален состав денеска патува за Талин, каде утре ќе го одигра мечот од тековниот циклус во Лигата на нации против Естонија. Националниот тим нема да биде комплетен.
Поради повреди ќе отсуствуваат Аријан Адеми, Егзон Бејтулаи и Кристијан Тошевски, а Висар Муслиу е казнет поради црвениот картон заработен во Грузија. На повреда се пожали и Стефан Ристовски, но тој ќе биде меѓу патниците и лекарскиот тим ќе се обиде да го рехабилитира.
Селекторот Игор Ангеловски ќе мора да реновира дел од тимот за настапот во Талин.
По пристигнувањето, вечерва македонската репрезентација ќе го има и официјалниот тренинг во Естонија во пресрет на утрешниот меч (18 часот).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген
