
Фудбалската репрезентација на Македонија пристигна во Талин каде утре (18 часот) ќе игра против Естонија продолжувајќи со обврските од тековниот циклус во Лигата на нации. Намерата на селекторот Игор Ангеловски и на фудбалерите е да се оствари нов триумф и да се цели кон првото место во групата Ц.
„Косово го оставивме зад нас, доволно прославивме, сега имаме други обврски и веќе сме максимално фокусирани на Естонија. Имаме добар старт во овој циклус од Лигата на нации, се наоѓаме на првото место и сакаме да го задржиме. Сакаме да ги освоиме трите бода на утрешниот меч и да останеме на тоа прво место. Овие мечеви секако треба да ни послужат и како еден вид подготовка за финалето против Грузија на 12. ноември во Тбилиси. Имаме проблеми со повредени фудбалери, но сме имале такви главоболки и во минатото и сме ги решавале на добар начин. Сите кои се тука се ставаат во функција на тимот, можеби некои играчи играле и на неприродна позција на одреден меч, но секогаш давале се од себе за Македонија да оствари добар резултат“, изјави селекторот Игор Ангеловски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген
