Најтрофејниот фудбалски клуб Вардар и понатаму е во очајна финансиска состојба. Додека се чека влез на „фамозната“ унгарска компанија која треба да вбризга свеж капитал, фудбалерите одамна немаат добиено плата. Поради ова, тие се решија да отпочнат штрајк, со барање барем дел од долговите да бидат исплатени до сабота, за да биде одигран натпреварот против Детонит.
Вардар е во водечкото трио на врвот на табелата во Втората лига, но за разлика од Гостивар (кој е казнет со три бода минус) и Воска се соочува со голема беспарица.
Реалноста е дека клубот има долгови и за стадионите каде ги одигрува натпреварите, а комплетниот долг на клубот е можеби и поголем од 4 милиони евра. Но, најважно од сѐ во моментот е да се изнајде решение за да бидат подмирени дел од долговите кон фудбалерите и стручниот штаб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













