Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) на „Ле Кок арена“ во Талин ќе игра против Естонија и сака победа за да го одбрани првото место во групата од Лигата на нации. Косово зема „данок“, голем дел од фудбалерите чувствуваат замор, па селекторот Игор Ангеловски планира да го освежи тимот.
Тој размислува да направи дури пет замени во составот на тимот што играше против Косово. Поголем дел ќе мора да ги направи принудно, поради повреди на фудбалерите, но исто така и за да го освежи тимот со оние кои се поодморни.
Стефан Ристовски ќе стегне заби и ќе игра на стоперската позиција иако има повреда на прстот на ногата. Заедно со Дарко Велковски и Кире Ристевски ќе го сочинуваат триото пред Столе Димитриевски.
На Барди во средината ќе му се придружи Стефан Спировски, Езгјан Алиоски стандардно ќе биде по левата страна, а десно ќе делува Бобан Николов. Пред нив како офанзивен играч за врска ќе биде распределен Ферхан Хасани, а во нападот шанса треба да добијат Александар Трајковски и Иван Тричковски.
Свежината треба да донесе победа во Талин.
Капитенот Горан Пандев, според планот, треба да почне од клупата и да влезе во вториот дел, кога ќе се крши резултатот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













