
Двајца од стартерите на Реал Мадрид против Ливерпул ќе ги пропуштат претстојните дерби натпревари против Атлетико Мадрид и против Барселона. Станува збор за Давид Алаба и за Родриго кои се повредија при спектакуларната победа од 5-2 на „Енфилд“.
Деталните лекарски прегледи ги потврдија информациите за повреди и кај двајцата фудбалери. Дефанзивецот ќе биде надвор од терените околу еден месец, додека бразилскиот напаѓач ќе закрепнува околу 10 дена.
В сабота Реал му гостува на Атлетико Мадрид во Ла Лига, а потоа в четврток и гостува на Барселона во првото полуфинале од Купот на Кралот.
Алаба ќе го пропушти и реваншот против Каталонците на 19 март, како и дуелите со Ливерпул, Еспањол и со Бетис. Кон крајот на март следува пауза за репрезентациите која ќе биде искористена за целосно закрепнување на дефанзивецот.
Ферланд Менди сѐ уште е повреден и нема да игра уште две недели.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
