Манчестер Јунајтед ја доби битката на титаните и ја елиминира Барселона, откако направи пресврт во вториот дел и славеше со 2-1 на „Олд Трафорд“. Првиот меч на „Камп Ноу“ заврши 2-2, па „ѓаволите“ одат во следната рунда од Лига Европа.
Роберт Левандовски од пенал ја доведе Барселона во водство во 18.минута, но Фред израмни на 1-1 на почетокот на вториот дел, во 47.минута. Бразилецот Ентони го постигна победничкиот гол во 73.минута.
Рома го совлада Салцбург со 2-0 и ја надомести негативата од еден гол (0-1) од првиот меч. Андреа Белоти и Пауло Дибала беа стрелци на головите за италијанскиот тим во првото полувреме.
Унион Берлин е во осминафиналето, откако го победи Ајакс со 3-1 на домашен терен. Првиот меч во Амстердам заврши без голови. Ноче, Јурановиќ и Доеки беа стрелци за германскиот тим.
Рен и Шахтјор Доњецк ќе играат продолженија откако францускиот тим славеше со 1-0 и ги анулираше оние 1-2 од првиот дуел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal