
Јувентус благодарение на генијалниот Анхел Ди Марија го остави во заборав ремито (1-1) против Нант на домашен терен откако славеше со 0-3 на гости во Франција. Ди Марија беше стрелец на хет-трик, а првиот гол ќе се памети долго како неверојатно ремек дело.
Спортинг Лисабон со 0-4 го победи Митјиланд на гости и обезбеди пласман во следната рунда од Лига Европа, а двоен стрелец беше Педро Гонкалвеш.
ПСВ Ајндховен со 2-0 ја победи Севилја, но шпанскиот тим оди понатаму затоа што на првиот меч славеше со три гола разлика (3-0).
Во Монте Карло ќе се играат продолженија, откако Баер Леверкузен победи со 2-3 против Монако, идентично како што францускиот тим славеше на првиот меч во Германија. По вкупни 5-5, ќе се играат и дополнителни минути на овој неверојатно интересен дуел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski