
Играчот со најмногу натпревари во историјата на фудбалската репрезентација на Шпанија, Серхио Рамос, објави дека ја прекинува кариерата во националниот тим. 36-годишниот дефанзивец има рекордни 180 натпревари за Иберијците од 2005 година.
Сепак, излегува дека новиот тренер Луис де ла Фуенте решил да не смета на него, поради што Рамос донел одлука да се пензионира.
Легендата на Реал Мадрид моментно е дел од Пари Сен Жермен и верува дека се уште е подготвен да биде во националниот тим.
„Време е да се збогуваме со репрезентацијата“, напиша Рамос на социјалните мрежи. – Актуелниот тренер ми се јави да ме извести дека не сум и нема да бидам дел од неговите планови, без разлика како настапувам или што постигнувам во кариерата. Тажен сум затоа што се надевав дека ова мое патување ќе продолжи и ќе заврши со подобро чувство за мене. Искрено верував дека мојата кариера во репрезентацијата требаше да заврши кога јас ќе решан, или затоа што моите настапи веќе не се на нивото за репрезентативниот тим. Им се восхитувам и им завидувам на играчи како Меси, Модриќ и Пепе“, објави Рамос.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
